Џејмс Корден бил исфрлен од ресторан поради лошо и агресивно однесување кон вработените.
Не е чудно што проблемот настанува таму каде што се наоѓа Џејмс Корден. Популарниот водител и комичар веќе ја провоцираше јавноста со своите постапки.
Само некои од примерите се дерење во авион да се смири дете кое вреска и плаче, а и кога со продуцент на неговата емисија отишол на состанок и барал да им се намалат платите на вработените.
View this post on Instagram
Овој пат, него забранет му е влез во ресторан во кој одел цели 25 години. Кит Мекнели, сопственик на ресторанот „Balthazar“ во Њујорк, водителот го нарекол „најнасилен гостин“ затоа што тој многу лошо се однесувал кон вработените во ресторанот.
Во објава на социјалната мрежа Инстаграм, сопственикот на ресторанот напишал:
„Џејмс Корден е исклучително надарен комичар, но е мал кретен од човек и најнасилниот гостин од кога постои ресторанот, а отворен е пред 25 години. Ретко ги бркам гостите, но денес го избркав Корден и тоа не ме насмеа. Еве два примери како овој смешен човек се однесува кон моите вработени. Слично се однесуваше и пред неколку години во мојот поранешен ресторан“, напишал сопственикот.
„Џејмс Корден во јуни беше тука на маса 61. Откако го изеде главното јадење, Корден му покажа влакно на менаџерот кој поради тоа му се извини. Корден беше многу одвратен кон него и рече: Дај ни нова тура пијалак во истава секунда. Погрижи се и за сите наши пијалаци досега. Ќе ви напишам негативна рецензија“, открил сопственикот на ресторанот и навел друга ситуација која пресудила.
View this post on Instagram
„Џејмс Корден беше во „Balthazar“ на 9 октомври. Седеше на масата 301 која ја побара. Сопругата на господин Корден нарача омлет со сирење и салата. Неколку минути подоцна откако ја добија храната, Џејмс ја повика нивната келнерка и ѝ кажал дека имало малку јајца во порцијата. Келнерката му донела нова порција, но наместо салата случајно ставила компирчиња. Тогаш тој почнало да вика: Не можете да ја работите вашата работа! Не можете, не умеете. Можеби треба јас да влезам во кујна и сам да направам омлет“, открил сопственикот на ресторанот.
фото:Инстаграм