Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба и како актерка, вели дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека се здебелила.
– Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како трокрилен гардеробер. Сепак, во последните три месеци се здебелив два килограми, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по советот на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината – изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.
View this post on Instagram
– Како девојче имав 58 килограми. На мажите отсекогаш сум им била привлечнаи секси. Кога студирав, тие реагираа на мене, иако никогаш не се средував. Во тој период најмногу вложував во моето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка – изјави Јована, водителка на „Ново јутро“ на Пинк.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Јована Јеремиќ