Пејачката Гоца Тржан единаесет години е во брак со Раша Новаковиќ, кој дошол кај неа кога и било најтешко и оттогаш и е најголем поддржувач, на неа но и на нејзината ќерка Лена.
Гоца Тржан со години е среќно мажена за својот сопруг Раша Новаковиќ, кој, како што вели, и бил голема поддршка во тешките денови и ѝпомогнал да ја одгледува ќерката Лена, која ја доби со Иван Маринковиќ, учесник во актуелната сезона на „Задруга“.
„Јас сум најобична, нормална, добро воспитана жена. Некогаш малку воинствена и неподнослива, но тоа се ретки моменти“, изјавила за себе Гоца Тржан, а најдобар сведок за тоа е Раша, кој бил упорен во намерата да ја освои а наишол на лош период од нејзиниот живот.
„Се распаѓав затоа што во тој момент се разведував, но тој пристапи толку отворено, толку искрено и храбро и целосно без резерва, што со тоа ме освои по извесно време. Не знаев зошто да го одбијам “, изјави пејачката во емисијата „На вечера со“ и откри каков е Раша кон нејзината ќерка.
„Тој е многу посесивен и заштитнички татко. Штом спомне момче, тој веднаш реагира, а јас му велам: „Аман човече пушти ја“ Раша е човек кој знае одлично да балансира помеѓу нас две, особено кога и дваете ќе „мрднеме“, призна пејачката.
Фото:Принтскрин/Фејзбук