Ким Кардашијан гостувала во емисијата на Џејмс Корден каде зборувала за својот љубовен живот, поради тоа што неодамна ја раскина врската со комичарот Пит Дејвидсон.
На прашањето како наоѓа момчиња и дали користи апликации за љубовни состаноци, односно каде ги наоѓа потенцијалните кандидати за врска, Ким кажала дека сега си зела време за себе и дека прави пауза од врските.
Како што вели целта ѝ е да го заврши правниот факултет. Таа открила и кои се нејзините нови критериуми за момче.
View this post on Instagram
„Размислувам за тоа да тргнам по друг пат, овој очигледно не функционира. Можеби во болница ќе запознам доктор или пак во адвокатска канцеларија адвокат. Невронаучник, биохемичар, доктор, адвокат… Тоа можеби е нешто што го замислувам во иднина“, објаснила Ким.
Водителот се пошегувал дека следбениците во медиумите ќе читаат наслови дека Ким е забележана во NASA.
View this post on Instagram
Претходно Ким беше во брак со раперот и дизајнер Канје Вест со кој има четири деца, а по разводот одредено време беше во врска со комичарот Пит Дејвидсон, но ниту тоа не траеше долго.
фото:Инстаграм/ким кардашијан