Дино Мерлин отсекогаш ги држел подалеку од очите на јавноста деталите од приватниот живот, а ретко кој знае дека минувал низ сериозни проблеми, а размислувал и да се откаже од музиката.
Имено, пејачот открил дека се борел со тешка депресија и дека тогаш мислел дека на сè му дошло крајот.
– „Прв пат ќе го кажам ова, во еден период од мојот живот бев тешко болен. Имав тешка депресија. Не би го посакал тоа на никого. Тоа се манифестираше на тој начин што јас бев ништо – изјавил пејачот за ХРТ.
– Апсолутно ништо не ме интересираше, животот и смртта ми беа исти. Тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и тогаш ми паднаа на памет секакви работи, но по некое чудо се извлеков – изјавил Мерлин во таа прилика.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Д.Мерлин/Драгана Удовичиќ