Голема балканска ѕвезда како Драгана Мирковиќ може да си го дозволи луксузот што го сака, па не е тајна дека пејачката со семејството живее во вила во Виена.
Таа е среќна во брак со Тони Бијелиќ со кој има две деца, Марко и Мануела. Поранешната готвачка за Скандал раскажува детали од вилата на пејачката.
-Веќе не се раѓа жена како Драгана, зачудена сум, но тоа е целата вистина – ја започна приказната таа и додаде:
– Толку голема ѕвезда, која може да си дозволи се’, редовно, ако беше дома, дојде во кујната и готвеше со нас. Може се’, и може да готви… Прсти да излижеш. Знае и традиционални српски јадења, а богами знае и да експериментира. Навистина е прекрасна, вредна, посветена и никого не гледа со презир иако може – ова во една прилика за „Скандал“ откри готвачката на Драгана Мирковиќ.
– Многу ми беше жал кога престанав да работам за неа и за Тони, но морав затоа што требаше да се преселам. Сигурно сакам да нагласам дека Гага е најблагородната личност за која сум работела, секогаш ни помагала на сите доколку имавме некаков проблем – заклучила таа за споменатиот медиум.
фото:Instagram