Радио Милева Искусна и селективна

Вера Мештеровиќ концизна и без заобиколување открива што ја одбива, а што ја привлекува кај мажите

Вера Мештеровиќ концизна и без заобиколување открива што ја одбива, а што ја привлекува кај мажите

Некогашната Мис на Македонија, манекенка, модел и актуелна ТВ водителка Вера Мештеровиќ никогаш не сакала од својата приватност да прави сензација за медиумите и народот, па така, што и да и се случува на приватен план, таа останува резервирана.

Таков беше и случајот кога во 2018 година се разведе од екс- фудбалерот Игор Кралевски и по една деценија брак ставија точка на брачната заедница од која ги имаат синот Андреј и ќерката Јована.

Оттогаш поминаа повеќе од четири години, а за Вера не е познат за јавноста нејзниниот љубовен статус кој засега таа вешто го чува само за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Но кога се во прашање нејзините ставови за машко- женските односи и нејзините гледишта кога е посилниот пол во прашање, таа без дилема и заобиколување е концизна во своите одговори за најновото интервју кое го даде за „Машки магазин“.

На прашањето кои се вистинските квалитети кои според неа треба да ги поседува еден маж, таа вели:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

-Се разбира, самодовербата,заштитничкиот однос во права насока.Да биде вистински животен сопатник,сродна душа, неговата благородност е особено важна,да биде сѐ – и другар,пријател и љубовник и потпора и мотивација, и во добро и во лошо…

Покрај квалитетите кои за неа се најзначајните, Мештеровиќ направи и компарација на она спротивното што ја одбива и е непривлечно, па вели:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

-Одбивно ми е насилничкото, некултурното однесување,вокабуларот кој го користи,односот кон околината, и најблиската и останатата,а сѐ што е обратно од ова – убавото однесување,зборување.., ми се допаѓа, заклучува убавата водителка, а повеќе од нејзините одговори можете да прочитате на „Машки магазин“.

фото:Instagram/Vera Meshterovic

To top