Пејачката Ана Севиќ и нејзиниот партнер Данијел Недељковиќ дошла на прославата пред венчавката на колешката Вања Мијатовиќ и поминала покрај поранешниот сопруг Дарко Лазиќ кој давал интервју со неговата нова девојка Катарина.
Севиќ најпрвин им посака среќа на младенците, а потоа проговорила и за поранешниот сопруг.
“Им посакувам љубов, хармонија и се најдобро, тоа што би го посакала на сите. Нема рецепт за добар брак, ништо повеќе од тоа што го кажав. Почитта пред се и луѓето да одат во ист правец, ако малку се вкрстуваат, нема ништо од тоа“, вели Ана, а на прашањето дали го сретнала Дарко, одговорила искрено.
“Не го ни видов, само се разминавме. Јас и Дарко сме во добри односи, никогаш немаше простор за никакви наслови. Имаше несогласувања, но не поврзани со нашата врска, туку со други работи. Не го критикувам Дарко, ниту ме интересира што работи. Немам причина да размислувам дали исчезнал, секој што го познава Дарко знае дали е тоа нормално за него – рече Севиќ.
– Вчера се сретнав со Катарина. Се беше нормално, како и со сите негови претходни… Дали сум задоволна од неговиот избор? Немам со што да бидам задоволна. Апсолутно не ме интересира дали таа е сè уште во брак – додала поранешната на Драко.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Савиќ/Ана Паунковиќ