Пејачката Славица Ќуктераш на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека доживеала непријатност.
Имено, Славица отишла во градот, но на паркингот пред зградата ја дочекала сцена која воопшто не ја израдувала.
-Еден голем поздрав за соседот кој ми го извади капакот на фаровите. Да се возиш со среќа и радост! – порача Ќуктераш во видеото снимено во автомобилот, заедно со фотографијата од исчезнатиот дел од автомобилот.
Да потсетиме, ова не е прв пат на Славица соседите да и прават непријатности, па летово јавно се пожали на однесувањето на маж чие куче и го скинало увото на нејзината миленичка, сугерирајќи им на сите сопственици на кучиња нивните миленици да носат маска доколку се опасни.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Славица Ќуктераш