Откако сопругата на Бали Бег, која на јавноста и е попозната како Неџла отколку по вистинското име, ја објави веста за бременоста. Секој нејзин чекор беше внимателно следен.
Преку нејзините објави и новите фотографии најлесно може да се заклучи како напредува бременоста на Фахрие Евџан, која веќе има еден син со Бурак Озџивит, а сега сите во познатото турско семејство со нетрпение го очекуваат второто дете.
Сопругата на Бали Бег утрово по долго време со своите следбеници на социјалните мрежи ги сподели своите нови фотографии на кои се открива целата фигура на актерката, па јасно се гледа и нејзиниот труднички стомак. Ова е и првпат Фахрие да го покаже стомачето, откако пред неколку месеци ја израдува турската и меѓународната јавност со веста дека со Бурак го прошируваат семејството.
View this post on Instagram
Веста дека сопругата на Бали Бег повторно е во друга состојба стигна на почетокот на јули, а избраничката на Озчивит сега е веќе во петтиот месец од бременоста, па доаѓањето на бебето се очекува на почетокот на следната година.
View this post on Instagram
Познатиот брачен пар веќе го има синот Каран, кој го добија пред три години, а веста за своето второ дете ја дочекаа по петгодишнината од бракот. Се шпекулира дека кара ќе добие братче.
фото:Инстаграм