Фолк ѕвездата Аца Лукас заврши во болница поради тешки стомачни болки, а сега е пуштен дома.
Имено, Лукас се лекувал во Клиничкиот центар на Србија, а на лекарите им се пожалил на неподносливи стомачни болки, кои во комбинација со замор и исцрпеност го натерале да се чувствува многу лошо.
По сите детални анализи, утврдено е дека пејачот добил труење со храна, поради што имал неподносливи стомачни болки, а кога на сето тоа ќе се додаде фактот дека имал напорни настапи, како и дека напорно работел месеци без ден одмор, и дека е преработен, очекувано е сето тоа да се одрази на неговото здравје.
– Не грижи се за мене, се чувствувам одлично. Продолжувам да работам и да се подготвувам за претстојните концерти кои ги најавив со мојот тим. Тимот што работи со мене е при крај со подготовките за големите концерти во Нови Сад, Белград и Сараево – изјави Лукас, а Саша Мирковиќ, неговиот продуцент и извршен менаџер, подготвува серија изненадувања кога се во прашање големите концерти на Аца.
Фото:Принтскрин/Часлав Вукојичиќ/Пинк.рс