Аца Лукас повторно има здравствени проблеми. Имено, популарниот музичар прво почувствувал силни болки во стомакот. Бидејќи болките не престануваале, Лукас побарал лекарска помош. Веднаш бил примен во Клиничкиот центар, а лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите анализи.
– Аца е работохолик и не престанува со месеци. Работеше со полна пареа. Поради тоа не се грижел за исхраната, не спиел правилно, а сето тоа влијаело на неговото здравје. Во неделата почувствувал силни болки во стомакот, поради што морал да побара лекарска помош. Кога го виделе на рецепција, истоштен и наведнат од болки, веднаш го примиле како итен случај. По прегледот вештаците решиле да го задржат во болница – вели изворот од местото на настанот.
Фото:Принтскрин/Немања Николиќ