На сцена имаме прилика да ги видиме секогаш добри расположени за добра музика и добра песна.
Пејачите секогаш кога ќе имаат прилика се фаќаат за микрфонот и на своите приватни журки.
Овојпат македонската пејачка Тамара Тодевска замина кај нашиот сосед, односно на гости во Србија. Таа заедно со нејзината сестра Тијана Даплчевиќ присутвуваа на македонска вечер во ресторан во Србија. На оваа македонска вечер се служеше македонска храна и се пееја македонски песни.
Во еден момент и Тијана и Тамара се фатија за микрофонот, па запејаа нешто наше, македонско, за душа на присутните гости.
А меѓу нив и големата балканска ѕвезда Лепа Брена. Брена заедно со сопругот присустуваше на оваа забава и уживаше во македонската атмосфера.
Тамара и Тијана го искористија присуството на пејачката, па овој момент го овековечија со заедничкo селфи.
фото: принтскрин/инстаграм