Пејачката Гоца Тржан со години се обидува по втор пат да остане бремена, но не и успева.
„Би се поштедила од тие теми бидејќи ми здосади да зборувам за тоа“ – рече на почетокот Гоца Тржан за ин витро оплодувањето.
„На крајот на краиштата, имам 48 години и тоа би било во доменот на чудата“ – додаде пејачката на групата „Тап 011“.
„Ако не се случи, имам свое дете кое треба да порасне и да го извадам на пат. Има толку многу јавни личности кои го прават истото и не сакаат да зборуваат за тоа, па таа штафета ја оставам на некој друг“ – додава Тржанова.
Пејачката откри и дали имала турбулентни моменти во вториот брак со Раша Новаковиќ.
– Критични моменти не сме имале, иако моравме да водиме сериозни разговори. Сепак, немаше кризи. Не сме биле на раб на развод или целосно разделување. Можевме да препознаеме кога нешто не е како што треба, дека не сме тоа што бевме и дека е време да разговараме за да се вратиме еден на друг – изјавила Гоца за „Курир.рс“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Гоца Тржан/Кобра