Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ важи за една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, но малкумина се сеќаваат како настапувала во осумдесетите.
Имено, неодамна на социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од Драгана Мирковиќ од помладите години на која можеме да ја видиме со кратка коса, а она што е исто како денес е нејзината насмевка и погледот.
Оваа фотографија на социјалната мрежа Инстаграм привлече огромно внимание, а коментарите под неа не престануваат да се нижат.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Драгана Мирковиќ со децении е една од најпопуларните пејачки на Балканот, која има имиџ на семејна жена и ужива во хармоничен брак со бизнисменот Тони Бијелиќ, со кој има син и ќерка.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Драгана Мирковиќ/Кадиќ