Промотер

Младиот дует „Гранд ѕвезди“, Алекс и Белма со српска верзија и видеоспот за наградената песна на „Охрид фест“ – „Воли ме ко себе“ (ВИДЕО)

Младиот дует „Гранд ѕвезди“, Алекс и Белма со српска верзија и видеоспот за наградената песна на „Охрид фест“ – „Воли ме ко себе“ (ВИДЕО)

Еден месец по завршувањето на фестивалот „Охрид фест 2022“, песната „Глупаво е да си сам“ која ги освои сите симпатии и освои две награди доби и српска верзија, како и свој видеозапис.

Фантастичното македонско-босанско „Гранд“ дуо од соништата: Александар Јосифовски – Белма Хасанефендиќ ја снимија „Воли ме ко себе“, на музиката на Горан Шарац, за која стиховите одново го напиша македонскиот лиричар Огнен Неделковски, а песната премиерно својата промоција ја доживеа викендов на Јутјуб каналот на „Гранд продукција“.

Спотот го режирал талентираниот Кристијан Љушев, кој решил да снима во Охрид и Скопје и успеал на многу оригинален начин да ги пренесе возбудата, енергијата и заразниот ритам.

Веројатно и не му било многу тешко да ја оствари задачата, зашто Александар и Белма се еден од оние дуети кои се создаваат спонтано и остануваат запаметени за цел живот.

Инаку, додека се промовира оваа песна, Александар ќе настапува низ САД како специјален гостин на американската турнеја на Лепа Брена, а  наскоро ќе има своја турнеја низ Америка и Австралија, каде што неговиот бенд ќе го придружува на настапите.

Во меѓувреме уживајте во видеото за „Воли ме ко себе“ на Александар и Белма (Кликни ТУКА):

To top