Радио Милева ја полни книгата на љубовта

Летаат искри: Даниел Кајмакоски во љубовен занес со саканата (фото)

Летаат искри: Даниел Кајмакоски во љубовен занес со саканата (фото)

Македонскиот победник на Икс-Фактор и наш поранешен евровисиски претставник Даниел Кајмакоски кон крајот на летото, од Србија реши да дојде во Македонија на одмор и тоа заедно со својата нова партнерка.

Тој тогаш реши да и ја претстави својата сакана на јавноста, но со доза на мистерија без да додава објаснувања или коментари од кои би можело да се потврди дека Даниел ја нашол девојката од неговите соништа.

Тогаш објави неколку заеднички фотографии, а следбениците на големо коментираа дека Даниел и црнокосата убавица изгледаат прекрасно како двојка.

За да нема дилеми, Кајмакоски се реши повторно да покаже нова серија фотографии со истата девојка, но сега покажувајќи ги љубовните искри меѓу нив и дополнувајќи со коментарот:

-Да ја исполниме книгата со љубов и радост, напиша Даниел.

Засега не е познато која е саканата на Кајмакоски, но има време, во книгата веруваме дека допрва ќе се пишува…

За потсетување, откако во 2019 година пејачот се разведе од Кристина Димитриеска, тој се пресели во Србија, неговиот приватен и љубовен живот беше во тајност се досега. Пред неколку месеци тој ја обвини екс-сопругата дека го отрула со кафе по што завршил во болница, но таа јавно ги отфрли ваквите обвинувања. Даниел и Кристина го имаат заедничкото синче Давид за кое се гржи мајката.

фото:Инстаграм/Даниел Кајмакоски

To top