Радио Милева изненади

Наташа Аксентијевиќ ги покажа бујните облини: „Летото ќе трае додека јас не кажам крај!“ (фото)

Наташа Аксентијевиќ ги покажа бујните облини: „Летото ќе трае додека јас не кажам крај!“ (фото)

Водителката Наташа Аксентијевиќ, позната по серијалот „ДНК“, се „подели“ на половина и покажа со што располага.

Имено, Наташа напорно работеше за да ослабе, па сега ја покажа својата зашеметувачка фигура во црно бикини.

„Летото ќе трае додека јас не кажам дека е крај!“, напиша Наташа на Инстаграм и ги изненади своите следбеници.

Да потсетиме, Наташа своевремено откри какви непријатности имала во приватниот живот поради нејзиниот изглед.

– Тоа беше на телевизијата каде што работев. Како што поминував низ ходникот зад мене слушнав: “Кој ја донесе оваа дебела жена? Таа не смее да биде ничија љубовница, што прави таа овде?” Бев многу повредена и многу навредена што мојата стручност, мојата работа и мојот талент беа оценувани врз основа на мојот изглед. И така губев многу. Ме одбија бидејќи немав рамен стомак и добри нозе, иако се работеше за улогата на секретарка – изјави неодамна таа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Наташа Аксентијевиќ

To top