Гвинет Палтроу го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, а по тој повод следбениците на Инстаграм ги почести со провокативна фотографија. Имено, актерката се сликала како позира гола и за кратко време успеала да собере голем број реакции.
Честитките за роденденот не престануваа, додека постарите дами и посакаа добредојде во клубот на оние кои влегоа во 6-та деценија, посочувајќи дека тоа е најубавиот период од животот.
Фотографијата на која Гвинет позира гола, обложена во злато, ги симболизира златните години.
View this post on Instagram
Актерката покажа дека зрачи со самодоверба прифаќајќи го процесот на стареење. Инаку, Гвинет е позната по тоа што често зборува за теми за кои ретко кој смее да зборува, а на дамите им дава разни совети.
Фото:Принтскрин/Профимедиа