Шпански судија вчера го одобри судењето на колумбиската пејачка Шакира (45), обвинета за затајување данок, пренесува АП.
Добитничката на престижната награда „Греми“ е обвинета дека во 2018 година не платила данок од 14,5 милиони евра на заработката што ја заработила од 2012 до 2014 година, а судот во таа земја вчера донесе одлука дека светски популарната пејачка сепак ќе мора да плати одбрана за даночно затајување.
Доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до осум години и голема парична казна.
Пејачката претходно ги отфрли обвинувањата и предложената спогодба со обвинителството, одлучувајќи се за судски процес, а фирмата за односи со јавност што ја застапува соопшти дека веќе платила сè што должи, како и дополнителни три милиони евра камата според АП.
Датумот за почеток на судењето сè уште не е одреден, а исходот се очекува да зависи од тоа каде живеела Шакира во тој период.
Иако нејзината официјална резиденција е на Бахамите, обвинителите во Барселона тврдат дека таа поминала повеќе од половина од тоа време во Шпанија и требало да плати данок во таа земја.
Шакира се поврзува со Шпанија откако беше во врска со фудбалерот Жерар Пике. Двојката живееше во Барселона со своите две деца, но неодамна стави крај на единаесетгодишната врска.
За потсетување, Шпанија се справи и со фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо поради неплаќање даноци во изминатата деценија.
Двајцата играчи беа прогласени за виновни, а затворските казни им беа укинати со образложение дека за прв пат го сториле прекршокот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Шакира