Популарната српска поп – пејачка Емина Јаховиќ го одржа првиот свој настап по разделбата од сопругот Мустафа Сандал.
Убавата пејачка одржа концерт во Инџија во чест на шестиот роденден на еден познат шопинг центар.
За Емина ова беше првиот јавен настап по најавата за развод од сопругот, турскиот пејач и продуцент Мустафа Сандал.
Јавната работа не бира време и место за расположение, па што и да и се случува Емина тоа не го покажа на сцената.