Ким Кардашијан на Модната недела во Милано ја претстави колекцијата „Ciao, Kim“ која ја создаде во соработка со познатиот бренд „Dolce&Gabbana“.
Сепак, вниманието од нејзините модели го одвлече нејзиниот фустан, кој беше многу тесен и многу светкав. Најпознатата Кардашијан блесна во супер заводлив сребрен фустан кој ја следи линијата на телото и е украсен со врвки на страните, но и во пределот на деколтето.
Фустанот беше толку тесен што Ким не само што едвај дише во него, туку и не можеше да оди, а бидејќи движењето е неопходно, особено на вакви настани, познатата русокоса мораше да користи многу мали, внимателно одмерени чекори.
Ким на својот Инстаграм профил сподели видео на кое налета на пречка која не можеше сама да ја надмине – скалите. Видеото кое привлече посебно внимание бидејќи ја прикажува старлетата како оди како пингвин, брзо стана вирално и главен извор на глупави шеги на сметка на популарната дама.
View this post on Instagram
– Што нема да направиш за убавина – и коментираа фановите. Имаше и такви кои ја пофалија и и даваа совети за следниот пат кога ќе се најде во таква ситуација.
– Мислам дека некој требаше да те носи. Вистинска кралица – заклучи едната, а другата додаде:
-Требаше малку да го подигнеш фустанот за полесно да одиш по скалите.:
Фото: Принтскрин/ТикТок