Мики и Светлана Црнокрак важат за една од најубавите познати брачни двојки во Македонија, а разбирливо дека вистински убавици се и нивните две ќерки, Моника и Нина.
Моника е веќе 23 годишна девојка со факултетска диплома, а помалата Нина во месец октомври ќе наполни 11 години.
Ако за Моника на прв поглед може да се каже дека цела е на мама Светле, за Нина е спротивното, односно таа повеќе потсетува на тато Мики.
Интересно е што и двете ќерки Црнокрак ги влече она што го работат мама и тато, па Моника уште пред неколку години почна да чекори по модните писти и да освојува титули, баш како што тоа порано го правеше нејзината мајка.
Нина пак е татина галеница, па и таа веќе почна да покажува афинитети кон моделството и изборите за убавина.
Годинава во Банско таа ја освои титулата за „ Little Miss Galaxy“ , а најгорд беше се разбира тато.
Годините минуваат,а Мики и Светле останаа перманентни и истрајни во својот моден бизнис, кој можеби ќе остане како традиција и ќе го наследат Моника и Нина.
Сепак, дали и понатаму тоа ќе биде изборот на наследничките Црнокрак, останува да покаже времето.
фото:Инстаграм/Фејсбук Мики Црнокрак