Помина речиси еден месец откако Наташа Беквалац според своите кажувања беше физички нападната од се уште законскиот сопруг Лука Лазукиќ.
Тој го негираше ваквото обвинување, а судската постапка која беше покрената за случајот, се уште е во тек.
Ната за тоа време постојано беше следена од медиумите, а деновиве се пишува и дека посетува психолог. Она што може да се забележи и без да се потврди со некаква изјава е тоа што пејачката се ослободи од сите фотографии кои ја потсетуваат на Лука.
Заедничките фотографии, како и оние од свадбата која се случи минатото лето, веќе не постојат, а Ната освен што се ослободи од неговите предмети во домот, направи и виртуелно чистење.