Радио Милева за среќен роденден

Антониа Гиговска и прати специјална честитка на Наташа Беквалац, а реакцијата на српската пејачка беше одговор за нивната блискост (фото)

Антониа Гиговска и прати специјална честитка на Наташа Беквалац, а реакцијата на српската пејачка беше одговор за нивната блискост (фото)

Младата македонска пејачка Антониа Гиговска стана позната преку регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.
Оттогаш поминаа години, Антониа пред се порасна, доста се промени, гради успешна кариера не само во Македонија, туку и во Србија, токму оттаму од каде и почна.

Песните кои ги промовира се на македонски, но и на српски јазик, а доста често е во Белград каде гостува во емисии и создава нови музички пријателска и соработки, а ги негува и постоечките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Едно од тие пријателства е со познатата српска пејачка Наташа Беквалац. Дека се блиски и имаат јака поврзаност, Антониа се пофали на својот Инстаграм.

Дека нивната блискост не е само на фотка за на социјалните мрежи, потврди и тоа што Антониа и го честиташе 42-от роденден на Беквалац со истата заедничка фотографија.

Меѓу многуте честитки споделени на својот профил, новосадската барбика ја издвои и онаа на Антониа и и се заблагодари.

Прегрнати, насмеани, стиснати една до друга, двете русокоси ќе останат само на поддршка и пријателство или ќе направат и некоја музичка соработка, ќе покаже времето.

To top