Радио Милева и се собрало сè

Кија Коцкар откри дека се соочувала со здравствени проблеми, а сега има панични напади – еве дали влегува во „Задруга 6“ (фото)

Кија Коцкар откри дека се соочувала со здравствени проблеми, а сега има панични напади – еве дали влегува во „Задруга 6“   (фото)

Пејачката Кристина Кија Коцкар победничката на првата сезона на „Задруга“, откри дали повторно би влегла во ова реално шоу.

Пред тоа, Кија се пожалила дека имала многу тежок период за време на летото, а дека сега има напади на паника. Кристина летово се соочила со здравствени проблеми, а призна дека и се собрало сè:

– Mногу работи, се случуваа секакви работи. Имав здравствени проблеми, а потоа имаа и некои мои блиски луѓе, многу работи се случија во еден миг – рекла таа, а потоа признала дека со денови не излегувала од дома:

– Сега прв пат излегов на таков начин, ве гледам многу и искрено ме фаќа напад на паника. Ми се зголеми притисокот, па сега испив лек за притисок – отворено рече Кија, која новинарите ја прашаа дали ќе се приклучи на „Задруга 6“:

– Многумина веќе ме прашаа, никогаш не вели никогаш. Не сум договорила ништо за тоа, разговаравме за некои други работи. Немам поим, не знам. Во моментов, не, не размислувам за тоа – рече Кристина и откри дека не се плаши да влезе во реалното шоу:

-Не се плашам од „Задруга 6“, тоа е работа што ја држам на малиот прст. Не сум размислувала за тоа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Кија Коцкар

To top