Радио Милева Каде е денес

Наследничката на Лепа Лукиќ сепак не стана тоа : Еве што прави денес девојката од песната на кралицата на народната музика (фото)

Наследничката на Лепа Лукиќ сепак не стана тоа : Еве што прави денес девојката од песната на кралицата на народната музика (фото)

„Бриши, бриши сузе с лица, ја сам твоја наследница“, пееше малата Ивана во деведесетите, но судбината сакала поинаку…

Во текот на деведесетите се снимени многу песни кои и денес се пеат и нема да бидат заборавени, а еден од најголемите хитови беше песната на Лепа Лукиќ во која пејачката ја претстави младата надеж на народната музика.

Песната „Наследница“ објавена во 1994 година привлече големо внимание кај регионалната јавност и брзо стана хит, а покрај Лепа Лукиќ ја изведе и девојката Ивана Ѓорѓевиќ.

Сите и предвидуваа голема музичка кариера, а во тоа имаше поддршка од кралицата на народната музика, како што често ја нарекуваат Лепа.

– Не знам дали има девојки посреќни од мене што кралицата на народната музика Лепа Лукиќ ме прогласи за нејзин наследник, што ме запозна со работата што ја обожавам , а со тоа  докажува дека тетка Лепа не е подла или љубоморна жена воопшто – рече тогаш Ивана.

И како што објасни, одлично се снаоѓа во различни жанрови, но повеќе ја сака музиката на Лепа Лукиќ.

Сакам да ги пеам овие помодерни песни, но повеќе сакам стари, авторски песни, ги саками двата вида  – истакна таа.

Сепак, Ивана не остана долго на сцената: постепено се повлекуваше и настапуваше само одвреме-навреме. Како што е познато, меѓу нејзините последни настапи беше оној на плоштадот во Старчево, за дочекот на Новата 2005 година.

После тоа таа реши да се повлече од светот на музиката, а медиумите пред неколку години објавија дека таа сега е сопственичка на фризерски салон во Опово.

Фото:Принтскрин/Јутјуб

To top