Промотер

Македонскиот гитарски виртуоз Дамир Пух го претстави својот „звучен неонски оган“ во – „Neon Flame“ (ВИДЕО)

Македонскиот гитарски виртуоз Дамир Пух  го претстави својот „звучен неонски оган“  во – „Neon Flame“ (ВИДЕО)

Познатиот македонски гитарски виртуоз од помладата генерација Дамир Пух го објави својот нов сингл „Neon Flame“.

Се работи за инструментална нумера, на која Дамир се потпишува и како продуцент и композитор, а го има изработено и миксот и мастерот на песната.

„Друштво, со задоволство ви го претставувам новиот сингл Neon Flame, кој воедно е најава за мојот нов соло албум “Divergence”, кој излегува на 17ти ноември“ – напиша Пух на својот Фејсбук профил.

„Neon Flame“ е енергична и модерна композиција, со уникатен спој на стилови, која внесува свежина на прогресивната сцена. Со својата слоевитата ритмичка и хармонска структура, обоена со храбра експресија на електрична гитара, Neon Flame сеопфатно го отсликува времето во кое сите живееме.

„Neon Flame“ е визуелизирана со видеоанимација која е изработена од артистот под псевдоним Aiplague, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење врз зададени параметри од кои се креира сцена и движење. Сето ова резултира со анимација со моќен современ печат која придонесува за несекојдневно аудио-визуелно доживување на песната.

Инаку, најавениот албум „Divergence” е продолжение на авторскиот опус на Дамир, после деби-албумот „Recollection”, издаден во 2017-та година.
Освен како соло-артист Дамир е активен како продуцент и гитарски инструктор на престижната светска платформа JTC Guitar.

Дамир е и основач на прогресивниот рок бенд „Station: Innermost“, со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови, остварено соработки со артисти како Derek Sherinian (Billy Idol, Allice Cooper, ex-Dream Theater) и настапувано како предгрупа на Deep Purple.

Во продолжениње, проследете како звучи и визуелно е обоена најновата пилот тема „Neon Flame“ на Дамир Пух (КЛИКНИ ТУКА):

To top