Радио Милева Фестивалска атмосфера

Длабоко деколте и кригла пиво во рацете: Драгана Мирковиќ изненади, а обожавателите „зумираат“ на оваа фотографија

Длабоко деколте и кригла пиво во рацете: Драгана Мирковиќ изненади, а обожавателите „зумираат“ на оваа фотографија

По долга пауза предизвикана од пандемијата на коронавирус, овогодинешниот Октоберфест беше отворен минатиот викенд во баварската престолнина и собра бројни посетители кои покрај храна и пијалоци уживаат и во многу добра и позитивна атмосфера.

Најголемиот фестивал на пивото во светот ја привлече и Драгана Мирковиќ на овој спектакуларен настан.

Во неколку наврати имавме можност да видиме како Драгана изгледа во српската носија, а дека и стајлингот во духот на германската традиција одлично и прилега, не увери таа со најновата фотографија од споменатиот фестивал.

Имено, пејачката позираше со голема кригла пиво и широка насмевка, што покажува дека добро се забавува во веселата фестивалска атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ❥ M A N U E L A (@manubijelic)

Пејачката вообичаено редовно го посетува Октоберфест со сопругот Тони и пријателите, а оваа година ја придружува и ќерката Мануела, која објави и фотографија од Минхен, направена покрај мноштво срца Lycider, еден од симболите на овој познат фестивал, која собира повеќе од шест милиони луѓе секоја година.

фото:Инстаграм

To top