Пејачката Јелена Карлеуша неодамна имаше настап во Лесковац, на кој особено се радуваше поради специјалитетите по кои е познато овој град.
„Кралицата на југот“, како што многумина ја нарекуваат, Милица Павловиќ, како претставничка на родниот град Лесковац, решила да ги земе работите во свои раце и да ја поправи ситуацијата, па испратила неколку десетици тегли на домашна адреса на својата колешка.
Ајвар, љутеница, џемови, овошје и зеленчук се само дел од она што се најде во луксузно спакуваните кутии со големи машнички.
– Навистина претеруваш, но лавот е лав. Широкоград! Многу повеќе од она што го очекував и безобразо го побарав – изјавила изненадената пејачка која особено се радувала бидејќи со години е вегетаријанка.
Откако на социјалните мрежи сподели се што доби со своите следбеници и се заблагодари на Милица, Карлеуша им предложи да ја искористат својата популарност за да промовираат здрава, домашна храна и веганска исхрана.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/јелена Карлеуша/Ана Паунковиќ/Ата Имаџес