Некогаш големиот холивудски заводник, денес – нешто од што веројатно би се исплашиле во темнина. Мики Рурк, секс симболот на осумдесетите, кому жените му ги сечеле вените и сонувале да поминат „девет и пол недели“ со него, иако многумина би дале се за девет и пол часа, го слави својот седумдесетти роденден.
Зад познатиот актер стои турбулентен живот. Околината од која доаѓа не ветуваше, немаше среќно детство, а на боксот му се посвети како десетгодишно момче за да се одбрани од очувот кој секојдневно го тепаше. Спортот го однесе во Њујорк, но неговата боксерска кариера не траеше долго бидејќи претрпе повеќекратни потреси на мозокот.
Решил да си ја проба среќата во филмскиот свет и успеал. Мора да се признае, тој пат траеше долго, а главно беше исипан со трње, сè додека во средината на осумдесеттите не ја доби животната улога – филмот што го спомнавме на почетокот ги лансираше и него и Ким Бесинџер во слава.
Покрај тоа што злоупотребувал разни наркотици, Мики Рурк има уште еден проблем – не може да се помири со стареењето. Неговиот порок е пластичната хирургија, која во последните години излезе од контрола. Лицето на кое паѓаа дами од сите генерации сега е непрепознатливо.
Сè започна кога тој се врати на боксот по неуспехот на неговата актерска кариера. Меѓутоа, бидејќи најчесто се среќаваше со помлади, побрзи и посилни ривали, често го напушташе рингот со изобличено лице. Решил да се обрати до пластичен хирург за помош за да се „врати“ сè на своето место.
Почнаа да следат поправки – неколку операции за скршеница на носот, операции на јаболчниците… Ниту тоа не беше доволно, па почна да ги полни усните со хијалуронска киселина. Свесен е дека сето тоа не беше во ред бидејќи денес изгледа непрепознатливо, но и добро знае дека нема враќање на старите патишта.
фото:Profimedia