Радио Милева неочекувана реакција

Ријалити ѕвездата Милјана Кулиќ донесе важна одлука, па следеше неочекувано прашање: „Омажи се за мене!“ (фото)

Ријалити ѕвездата Милјана Кулиќ донесе важна одлука, па следеше неочекувано прашање: „Омажи се за мене!“  (фото)

Миљана е активна на социјалните мрежи, па решила слободното време да им го посвети на следбениците на Инстаграм. Заедно со нејзиното момче Ненад Мачановиќ, Кулиќ излезе во живо на споменатата социјална мрежа, па поранешната членка на „Задруга“ одговараше на прашањата кои и ги поставуваа нејзините следбениции и во таа прилика ја откри важната одлука дека нејзиниот син Жељко конечно ќе добие татко – Ненад Мачановиќ Бебица.

Миљана во еден момент добила предлог за брак од непознат маж.

– Миљана, омажи се за мене – напишал тој , но Кулиќ  не ја заинтересирала понудата, па само ја прочитала понудата, но не ја коментирала.

Ријалити ѕвездата  изјави дека нејзиното момче Ненад Мачановиќ Бебица во документите ќе биде запишан како татко на нејзиниот син Жељко, а откри и дека едвај чека да влезе во „Задруга 6“ и стави крај на сите шпекулации за неа и нејзиното семејство.

– Ќе го напишам името на Ненад на документите каде што треба да стои името на таткото на Жељко, бидејќи тој го сака 100 пати повеќе – рече Кулиќ и се наврати на тешкиот период зад неа:

– Знам дека ви беше жал, а дури сега сум свесна дека можев да умрам… Сега имам кошмари за тоа, но на крајот се помина добро. Ослабев 22 килограми и сè уште сум на специјална диета – изјави Миљана, а потоа му даде збор на Бебица, кој откри кој му бил најтешкиот момент:

– Постојано бевме во болница, на сите ни беше тешко… Но, најлошо беше кога ќе погледнавме во нејзиниот кревет, кој во еден момент беше празен! Се отсековме, мислевме дека се случило најлошото, а потоа ни рекоа дека само сакале да и го сменат креветот и дека се е во ред со неа… – рекол Ненад.

Фото:Принтскрин/Задруга/Инстаграм/Ненад Мацановиќ

To top