Пејачот Петар Грашо и неговата 14 години помлада сопруга Хана Хуљиќ на 17 јули годинава станаа родители, со што нивната љубов ја крунисаа со најубав подарок.
Пејачот и ќерката на неговиот долгогодишен колега Тончи Хуљиќ се венчаа неколку месеци претходно, но не сакаат да зборуваат за семејната приватност.
Петар Грашо сега за прв пат призна како се снаоѓа во улогата на татко.
– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на сè, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – низ насмевка изјавил Петар.
Таткото на неговата сопруга, Тончи ,во еден момент му замерил што цело лето работи, речиси без слободен ден, а тој вели дека во иднина ќе поминува повеќе време со семејството бидејќи сега таква е ситуацијата.
– Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу задачи или можности да се изразам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен. Се надевам дека ќе напредувам и во тоа прашање, со насмевка вели новопечениот татко, чие лице блеска, а очите му светкаат кога зборува за својата ќерка.
Многу генерации пораснаа со песните на Грашо, па денес дури и некои од помладите ги знаат хитовите од пред две децении. На прашањето како ќерката Алба реагира на неговиот глас и дали и пее приспивни песни тој вели дека и потпевнува додека ја заспива и тоа и се допаѓа.
Петар живее во градот со Хана и неговата ќерка, но се труди да помине многу време во природа за да ги наполни батериите и да се одмори од градската гужва. Тој вели дека не е од оние градски момци кои се отуѓиле од природата.
– За мене пресудни се патувањата во природата за собирање енергија меѓу концертите, кои се доста исцрпувачки заедно со патувањето – открива пејачот, кој се обидува со својот пример да укаже на важноста од зачувување на природата:
– Најпрво се трудам да не ја загадам на никаков начин.
Фото:принтскрин/Инстаграм/Петар Грашо