Мегафон

Manu Chao – Acoustic на 26-ти септември во МКЦ

Manu Chao – Acoustic на 26-ти септември во МКЦ

Привилегија за публиката на Таксират е што во својата мапа на внимателно избрани места за свирење Ману Чао упорно инсистира да го има и Скопје!

Ману Чао е револуционерно продорен и подеднакво мирољубив музичар, пејач, гитарист, текстописец, полиглот, патник и активист. Француско-шпанскиот уметник е култно име на бунтовната музика и еден од најважните гласови на музиката на светот кој спојува различни култури и влијанија, панк, рок, ска, реге, салса и традиционални песни во кои го пренесува пркосот кон предизвиците на денешниот свет; од имиграција до консумеризам и глобализација. Тој го започна латинското алтернативно движење во 80-тите и ги надмина музичките стилови и географските граници во неговата музика. Од основањето на првата група Мано Негра во 1987 година до денес, Ману Чао е уметникот кој ги наполни дури и најголемите стадиони ширум светот, продаде милиони албуми и сними безброј хитови кои се искачија на врвот на топ листите, особено во земјите од Европа и Латинска Америка, како што се Clandestino, Bongo Bong, Me Gustas Tu, Mala Vida и многу други. Без разлика дали тој настапува со Mano Negra, Radio Bemba или La Ventura, атмосферата и енергијата на неговите концерти се практично неспоредливи.

Овој пат, пред својата публика се враќа во акустична постава. Заедно со гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито, член на Mano Negra и Radio Bemba), Ману сега патува со најинтимните концерти во својата кариера, без ѕвездени статуси, без толпа од стотици илјади и по правило во мали концертни простори кои веднаш се распродаваат.

Првите 200 билети со цена за 100 денари поевтина од продажната се веќе распродадени. Билетите во продажба по актуелната цена, можете да ги најдете на продажните места на МкТикетс: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx…

To top