Радио Милева штркот по втор пат слета...

Се породи македонската “Гранд ѕвезда“: Добредојде Миона – Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ станаа родители по втор пат! (ФОТО)

Се породи македонската “Гранд ѕвезда“: Добредојде Миона – Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ станаа родители по втор пат! (ФОТО)

Македонската „Гранд ѕвезда“, пејачката Елена Миленковска  и нејзината  посилна половина, сопруг и колега Гуте Маринковиќ  утрово, 14 септември 2022 год. го дочекаа моментот да станат родители по втор пат.

Елена се породи и на свет овој пат го донесе своето второ дете, здраво и право девојче. Штркот повторно  долета во нивното семејно гнездо и на а малиот Максим му донесе сестричка. Малелечката принцеза уште пред да дојде на овој свет го доби името Миона, а среќното семејство веста за тоа како ќе се вика нивната наследничка ја сподели непосредно пред породувањето на Елена.

Затоа пак веста дека добиле ќеркичка, а нивниот син сестричка, гордиот тако Гуте ја сподели уште утрината, веднаш по раѓањето на малата Миона, на приказните од својот Инстаграм!

„Ни се роди дада Мионааааа!“ – споделил Гуте возејќи се во автомобилот заедно со малиот Максим, веројатно враќајќи се од породилиштето каде биле да ја видат гордата мајка и малата тукушто родена принцеза.

Разбирливо, веднаш потоа честитките почнаа да се редат и пристигаат… Како на мобилните на „Гранд ѕвездите“, така и на нивните порфили на социјалните мрежи.

Први членовите на обете семејства, по нив роднините, другарите, пријателите, колегите…

Добредојде мала принцезо  на овој свет… Добредојде Миона!

Нека е со среќа, да е жива и здрава, среќна и успешна и цел живот мама Елена и тато Гуте да ги прави горди родители!

Фото: Инстаграм принтскрин/gute.marinkovic/

 

To top