Марко Гобељиќ, фудбалер и сопруг на пејачка Катарина Грујиќ, го прослави јубилејниот 30-ти роденден, а прославата за најтесниот круг на пријатели и соиграчи ја организираше во една белградска кафеана.
Покрај забавата, пејачката се потрудила да му приреди уште едно изненадување и да му го разубави прекрасниот ден со емотивното видео кое го составила од заеднички снимки.
Каќа прикажа заеднички среќни моменти со натпис: „Животe, среќен роденден!“
Ова видео за кратко време ги воодушеви нејзините следбеници кои покрај тоа што му го честитаа на Маркo прекрасниот ден, им посакаа засекогаш да останат вака среќни, насмеани и заљубени.
Да потсетиме, Гобељиќ се омажи за пејачката на 4 јуни минатата година, со огномет и песната „Samo jedom srce voli“, по што на 30 август на интимна церемонија во Ченаи го кажаа судбоносното „да“.
После тоа, парот доби ќерка на која гордите родители и го дадоа името Катја, а оваа година парот имаше голема свадбена веселба на која собра половина од естрадата.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Катарина Грујиќ