Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ги воодушеви своите следбеници со неверојатна промена на имиџот.
Имено, Ражнатовиќ е позната по тоа што често експериментира со својот изглед и со задоволство ги информира своите следбеници за тоа, па овој пат сподели нова промена на Инстаграм.
Својата препознатлива долга коса Анастасија ја замени со кратка паж фризура, во црна боја, која како што многумина велат, одлично и стои.
Носеше и црно-бела маица која ги истакна нејзините црти, а сето тоа го комплетираше со наочари кои даваа вибрации од 90-тите.
Инаку, таа со својот нов изглед многумина потсети на пејачката Анџелина со која пејачката е пријателка од детството.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ