Радио Милева се префорсира

Антониа Гиговска заврши на инфузија (фото)

Антониа Гиговска заврши на инфузија (фото)

Преодната сезона најчесто знае да донесе доста настинки и вируси, а периодот на адаптација на температуните разлики знаат да си го направат своето врз здравјето и имунитетот.

Пејачката Антониа Гиговска се соочи со овој проблем, а дополнотелно за нејзината состојба веројатно допринесе и набиената агенда со настапи.

Мнгоу често се случува естрадата да се пожали на здравјето поради префорсираност, а на Антониа веројатно и се случи тоа, па заврши на инфузија.

Олеснителна околност и беше тоа што не мораше да оди во болница бидејќи како што опиша во објавата, лекарот и е сосед.

Па така, пејачката во домашни услови си доби освежување за потоа да успее да им се врати на договорените настапи.

Имено, истиот ден таа пееше на отворено, односно на третата вечер од традиционалниот „Тиквешки Гроздобер“ во Кавадарци.

Веројатно поучена од постарите, Гиговска кусите фустанчиња ги замени со долги панталони и сако, за штетата по здравјето да не биде поголема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Инаку, ова беше вторпат како Антониа Гиговска настапува на оваа манифестација, нејзиното деби пред кавадаречката публика од големата сцена на плоштадот се случи предд неколку години.

To top