Поминаа речиси четири години откако поп-пејачот Даниел Кајмакоски и мисицата и тазе пејачка Кристина Димитриевска ставија крај на својот брак.
Оттогаш помина доста време, а и двајцата останаа без партнери или така е барем за пред очите на јавноста.
Даниел се пресели да живее во Белград, каде и настапува, а пак Кристина почна музичка кариера на која активно работи и настапува низ Македонија. Единственото кое ги поврзува е синчето Давид кое живее заедно со мајка си.
Даниел за разлика од својата екс- сопруга не е така активен на социјалните мрежи, но одвреме- навреме знае да изненади со по некоја објава како во случајов.
Имено, тој е ужива последните денови од летото на море и тоа во женско друштво.
-Кој вели дека летото завршило? Се надевам дека и вие уживавте во вашиот одмор како и јас… Се уште ве сакам без огледа на се. – пишува Даниел.
Во прилог објави само една фотографија каде задоволно прави селфи на брегот, но од „стори“ објавите отки дека е во женско друштво.
Две пива за здрвица и тоа од оние со име кое никој не сака, но фокусот не беше „корона“, туку женската рака – друштвото на пејачот.
Засега Даниел останува мистериозен со кого реши да ги помине деновите за одмор и уживање, а кога веќе ја „фрли мамката“ нема да биде изненадување и да ја претстави девојката.
фото:Инстаграм принтскрин