Соработникот на Сека Алексиќ откри како е да се работи со неа.
Пејачката Сека Алексиќ важи за голем професионалец, затоа околу себе има голем тим експерти, кои се грижат за се кога е нејзината кариера во прашање.
Меѓу нив е и нејзиниот уметнички директор Станислав Закиќ, кој долго време работи со пејачката.
Како се препознаа по својата енергија, Сека и Станислав станаа многу повеќе од соработници, па често поминуваат време заедно, патуваат, излегуваат…
А колку е „тешко“ да се работи со Сека, откри Закиќ на својот Инстаграм профил.
Во видеото кое го објави нејзиниот уметнички директор, Сека објаснува како е да се работи со неа:
– Да го имав животот на овој уметнички директор, греби го, стискај му ги мозолчињата на грбот, извади му ги вошките од главата, нахрани го, води го… Страшно – рекла Сека на шега.
View this post on Instagram
Гледајќи ја насмевката на Станислав, јасно е дека тој и пејачката одлично се забавуваат наоколу, а пејачката е и добар колега и пријател.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/stanislavzakic