Радио Милева Голем ден

Се омажи ќерката на Мира Шкориќ – русокоса убавица во блескава венчаница (фото)

Се омажи ќерката на Мира Шкориќ – русокоса убавица во блескава венчаница (фото)

Наследничката на Мира Шкориќ, Милица Јеремиќ, викендов го кажа судбоносното „да“ во луксузен ресторан во Белград, а атмосферата на лице место беше вжештена.

Зорица Брунцлик правеше хаос изведувајќи ги нејзините хитови, додека гостите ја опкружуваа од сите страни.


Мира Шкориќ цело време ги гушкаше гостите и пееше со нив, а сите очигледно, одлично се забавуваа.

Невестата, инаку, блескаше во венчаница со светки, додека младоженецот облече црно-бел костум, а Милица не ја симна насмевката од лицето.


Кога пристигнала во ресторанот, татко ѝ Васа Јеремиќ веднаш ја дочекал во класичен костум, додека Мира била во долга црвена креација со ракави.

фото:Инстаграм

To top