Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ може да се пофали со успешна повеќедецениска кариера, но и хармоничен семеен живот со сопругот Тони и наследниците Марко и Мануела, но малкумина знаат дека пејачката има и сестра, која покрај сопругот и наследниците, е нејзината најголема поддршка.
Душица Крумов ретко се појавува во јавноста, а нејзините фотографии откриваат дека многу личи на својата позната сестра. Душица може да се пофали со совршена убавина, а за Драгана е многу приврзана иако живеат стотици километри една од друга.
Инаку, Душица е вработена во телевизијата на Драгана, каде што и е доверена целата работа кога пејачката и нејзиниот сопруг Тони не се присутни.
Да потсетиме, пејачката изгради бајковит живот со сопругот и децата во Австрија, а во неколку наврати потенцираше колку и е важно семејството и колку и значи нивната поддршка.
Фото:Принтскрин/Фејзбук/Душица Крумов/ТВ Пинк