Радио Милева понижен

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс си ја отвори душата : „Сè уште се чувствувам лошо“

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс си ја отвори душата : „Сè уште се чувствувам лошо“

Во интервју за „60 Minutes Australia“, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, зборуваше за различни теми, главно околу неговата поранешна сопруга и нејзината битка за старателство, до нивното раскинување во 2007 година, пишува Дејли Мејл.

Тоа е јасно само од најавата која беше објавена, за интервјуто кое допрва ќе се емитува.

На самиот почеток на трејлерот за шоуто, Федерлајн изгледаше прилично ранливо додека зборуваше дека е погоден од гледањето на Бритни како се бори за сопственото старателство.

– Сè уште се чувствувам лошо – рече тој.

Како што се гледа подоцна во објавата, Кевин сподели резиме од неговиот краток брак со пејачката.

– Беше неверојатно, додека наеднаш не престана – истакна тој.

Поранешниот танчер, исто така, рече дека на крајот не се вклучил во нејзините обиди да го прекине надзорот на неговиот татко, бидејќи тој бил фокусиран на воспитувањето на нивните синови, иако најавата за шоуто не објаснува зошто мислел дека изборот е некомпатибилен.

– Бев преплашена за неа. Навистина сум– рече тој.

Тој, исто така, претходно откри дека нивните синови не присуствувале на нејзината венчавка со Сем Асгари и не ја виделе со месеци, што според него  за  тоа се виновни нејзините разголени фотографии  што ги објавува на Инстаграм.

Федерлајн призна дека се чувствувал „понижен“ од неговата поранешна сопруга по 13 години следење.

Да потсетиме, парот во 2004 година беше во врска три месеци, по што се венчаа. Поп-ѕвездата поднесе барање за развод во 2006 година, а сето тоа беше финализирано следната година.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

 

To top