Како што информира УХМР, минималната температура ќе се движи од три до 9, а максималната од 23 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб јужен ветер и температура, која ќе се движи од 7 до 26 степени.
Стабилното, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и понатаму. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. В понеделник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Извор: Курир.мк