Веста дека старлетата Тамара Ѓуриќ наводно добила два шамари од сопругот Никола Качаревиќ како бомба ги погоди медиумите, а таа ги демантираше овие наводи.
Имено, Ѓуриќ за Курир.рс посочи дека тоа не е вистина и дека во полициските простории била за да го земе пасошот на ќерка си.
„Бевме во полиција да и извадиме пасош на ќерка ми затоа што на 9 септември ја носам на море. Не е точно дека ми удрил шамари“, накратко изјавила Ѓуриќ.
Сепак, полицијата и Првото основно јавно обвинителство во Белград проверуваат што точно се случило.
„Дадена е наредба до полицијата да провери што точно се случило меѓу нив и да поднесе детален извештај до Обвинителството. Како што се дознава Тамара Ѓуриќ не доставила лекарски извештај ниту има видливи повреди“, изјавил изворот .
Инаку, како што се пишува, Тамара наводно го пријавила Никола во полиција бидејќи и удрил два шамари. Додека, Качаревиќ наводно раскажал како Тамара го нападнала и гребела по расправијата, а тој само се бранел така што ја оттурнал од себе.
Подоцна, откако во медиумите се појави веста старлетата која ги демантираше овие наводи, објави и заедничко видео на Инстаграм.
На видеото се гледа Тамара како се смешка од уво до уво, додека зад неа е Никола со нивната ќерка во раце.
Тамара неодамна изјави дека повеќе не живее со Никола, па никому не му било јасно за нивната сегашна врска и дали воопшто се заедно како брачни партнери.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/ТамараСтар89/Приватна Архива