Радио Милева полна самодоверба

Стомакот и виси, но таа се облече како топ модел: Ешли Греам горда на вишокот кој прелева од тесниот фустан (фото)

Стомакот и виси, но таа се облече како топ модел: Ешли Греам горда на вишокот кој прелева од тесниот фустан (фото)

Плус-сајз манекенката Ешли Греам, која се испроба и во улога на презентер на церемонијата, а на црвениот тепих на  „MTV Video Music Awards“ прошета во многу смела и по малку ризична креација.

Славната 34-годишна манекенка се појавила во црн, провокативен фустан со миди должина кој го потпишува брендот „Houghton“, а неговата цена е околу 3.000 евра.

Оваа секси тоалета ги истакнала бујните облини на Ешли, а ја красат прорези во горниот дел и шпенагли украсени со светкави циркони.

Еден од прорезите јасно ги истакнал и стриите на стомакот на Греам, што е уште еден потсетник за тоа колку женското тело се менува во текот на бременоста или флуктуациите во тежината од некои други причини.


Но, Греам е позната по тоа што отсекогаш ги прифаќала своите ситни недостатоци и им пркоси на нереалните стандарди, покажувајќи нѝ колку се жените привлечни дури и кога „не е сè на свое место“.

Таа целата комбинација ја заокружила со сандали со ременчиња и циркони и ефектни висечки обетки, а имала гламурозна шминка и бујна фризура.

За потсетување, Ешли се породи пред 7 месеци, а на свет донесе близнаци. Таа во повеќе наврати со гордост ги покажа своите стрии, нарекувајќи ги „дрво на животот“ и спомен дека женското тело е способно да донесе нов живот.

Инаку, славната убавица минатата година признала дека и ден-денес води фрустрирачки разговори за својот изглед, токму како и на почетокот на кариерата, иако многумина веруваат дека ги помести границите на моделингот.

„Луѓето често ме прашуваат како успевам да блескам од самодоверба и го коментираат мојот стил на облекување. Тоа што носам конфекциски број 16 (американска големина), имам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека не значи дека постојано сакам да водам разговори за тоа што е потребно за да имам толкава самодоверба. Тоа што сум голема девојка не значи дека морам постојано да водам ваков вид разговори. За мене тоа е по малку шокантно бидејќи истите прашања не се поставуваат на послаби жени. На крајот, навистина не е сè во изгледот“, порачала Греам.

фото:Instagram

To top