Скопјанката Елеонора Миљковиќ по учеството во реалното шоу „Задруга“ за српските медиуми остана актуелна и по завршувањето на шоуто, а за нејзината приватност се уште осамнуваат вести во српските портали.
Тоа осеобено се интензивира откако таа му кажа „да“ на своето момче Чедо со кого е во долгогодишна врска.
Запросувањето се случи годинава во месец јуни во една елитна скопска винарија, кога актактивната „задругарка“ доби свршенички прстен на раката.
Сега, Нора и Чедо бројат ситно до големиот ден кој ќе го паметат цел живот, а за српски „Еспресо“ Елеонора откри кога ќе се случи свадбата, детали за подготовките и како се чувствува идната невеста и сопруга.
-Свадбата е закажана за октомври, размислувам колку ќе биде убава и бајковита и не ми се верува дека се мажам, сепак ми е чудно како да е туѓа. Воопшто не сум нервозна, туку возбудена, среќна и малку исплашена дали се’ ќе биде како што замислив, а на прашањето дали е подготвена за заеднички живот вели:
View this post on Instagram
– Секако дека сум, мислам дека најважна работа за да бидеш подготвен да се омажиш за некого е љубовта што ја чувствуваш, а јас имам неизмерна количина на љубов кон него, така што дефинитивно сум повеќе од подготвенa, вели Елеонора.
Она што најмногу ја преокупира во моментот е изборот на песната за првиот танц.
– Па искрено се е веќе подготвено, некои други ситници и тој прв танц за кој најмногу размислувам затоа што сакам да биде посебно дали ќе бидеме во склад со избраната песна.
View this post on Instagram
Кога веќе речиси се’ е подготвено, останува само возбудата до свадбата да расте од ден на ден, додека не ја достигне кулминацијата која никогаш не се заборава.