Дека има проблеми во бракот на Милан Калиниќ, самиот водител неколкупати спомна за магазинот Лајфстајл.
Тој на шега искоментира дека всушност тој е во честа кавга меѓу него и неговата избраничка Сандра која му подари две деца Тео и Вуко и е столб на семејството.
Со истиот хумористичен тон, а на споменатата тема, актерот неодамна повторно се огласи, овој пат преку социјалните мрежи. Имено, тој на својот „Инстаграм“ профил сподели објава која наводно најдобро го опишува неговиот брак, а се состои од следниве зборови:
-Кога велат дека маж на моја возраст е добар во кревет, тоа значи дека не ‘рчи и не го краде јорганот
.
Шегата на водителот се прошири низ порталите, а и оние кои веднаш ја објавија неговата објава на своите профили, хумористично коментираа дека проблемите во бракот на Милан Калиниќ не се разликуваат од оние на другите помалку познати парови.
фото:Инстаграм