Сања Гроздановска – Сани минатата година стапи во брак со саканиот Мартин Гроздановски со кого станаа пошироко семејство до доаѓањето на ќеркичката Ева.
Младата двојка ужива во својата семејна идила, а сопругот ја подржува Сани во нејзините активности и обврски, особено откако по породувањето брзо и се врати на сцената.
Двајцата сопружници си ги прилагодуваат обврските, па уживаат во заедничкиот живот. И додека Сани сака да пее, Мартин сака да се тетовира.
Така, тој деновиве посети едно студио и си направи тетоважа на левиот бицепс. А крајниот резултат го сподели на својот Фејсбук профил, па Сани му порача: Да не ти фали уште некоја?
Имено, додека сопругот се тетовира, Сани сака да пее, па речиси секој викенд прави вистински забави каде и да настапува. А на крајот на мај пејачката ќе настапува и на „Валандово фест“.
фото: Фејсбук