Радио Милева пожешка од пустината

Карлеуша во Дубаи со нов еротски блесок: Белградската „мала од скандала“ со градите на жешкиот арапски песок (ФОТО)

Карлеуша во Дубаи со нов еротски блесок: Белградската „мала од скандала“ со градите на жешкиот арапски песок (ФОТО)

Јелена Карлеуша ужива со ќерките Атина и Ника во Дубаи. Трите таму го прославија и нејзиниот 44-от роденден.

Кога не одат во шопинг, заедно уживаат на плажа, од каде пејачката со најновото провокативно издание повторно ги „поремети“ своите следбеници на социјалните мрежи. Карлеуша на себе само со црно мини бикини, толку минијатурно што речиси е гола, покажа дека е во топ форма.

Исправена со прекрстени нозе и коктел во раката, Карлеуша уште еднаш докажа дека и нема рамна… Зашто со ваква рамна снага, бујни атрибути и воопшто комплетна убавина на тие години, ретко која може да се пофали, а уште помалку да има хараброст да сподели волку разголени пози.

Едноставно од секоја нова поза на Карлеуша како да извира нов еротски блесок, како оваа следната, кога русокосата е легната со градите на песок!

Залезот на сонцето е момент за посебен амбиент кој кај секоја жена буди романтика, а кај Карлеуша и нова доза на еротски набој зашто пејачката со сиот свој телесен раскош на зајдисонце, го засени и самото сонце.

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

To top